Свет САД по грешка убиле 18 борци на Сириските демократски сили

САД по грешка убиле 18 борци на Сириските демократски сили

Во воздушен напад по грешка се убиени 18 припадници на Сириските демократски сили јужно од градот Табке во Сирија, соопшти Пентагон.

„Нападот го побараа партнерските сили, кои ја идентификуваа локацијата како борбена позиција на Исламска држава“, стои во соопштението.

Од Пентагон наведуваат дека подоцна се утврдило дека локацијата, всушност, е истурена борбена позиција на Сириските демократски сили.