Свет САД ќе ги оспособува сириските бунтовници за борби против ИД

САД ќе ги оспособува сириските бунтовници за борби против ИД

САД би можеле да ги оспособат и да ги опремат сириските бунтовници за од копно да управуваат со воздушните напади на коалицијата против Исламската држава, соопшти Пентагон.

Во прво време, обуките ќе се насочат кон основите на вооружените борби и не би вклучувале задачи во кои со авиони ќе се укажува каде се наоѓаат целите, истакна контраадмирал Џон Кирби, портпарол на американското министерство за одбрана.

Но, според него, „не може да се исклучи можноста во даден момент да се процени како полезно тоа што бунтовниците можат да помогнат во воочување на метата на теренот“.

Околу 1.000 американски војници ви требало да бидат распоредени во Турција, Саудиска Арабија и во Катар за да ги оспособуваат сириските бунтовници и да го враќаат во Сирија за да се борат против ИД.