Економија САД издвојуваат уште 20 милиони долари за бегалците во Европа

САД издвојуваат уште 20 милиони долари за бегалците во Европа

САД ќе издвојат дополнителни 20 милиони долари за помош на бегалците во Европа, изјави заменик-американскиот државен секретар за менаџмент и ресурси Хедер Хигинботом за време на посетата на грчкиот остров Лезбос.

Хигинботом наведе дека, со тоа вкупната помош на Вашингтон за европската мигрантска криза од минатата година изнесува 43,6 милиони долари.

Најголем дел од фондот, 17,5 милиони долари, ќе биде издвоен за УНХЦР.