Свет Свет САД и Турција се договорија да ги истераат милитантите од сириска територија

САД и Турција се договорија да ги истераат милитантите од сириска територија

Да се обидат да ги истераат милитантите на Исламската држава од сириската територија по должината на турската граница, се договориле САД и Турција.

Како што се наведува, би се создала безбедна зона за илјадниците сириски бегалци и би се прекинале рутите преку кои ИД се снабдува со опрема и со странски припадници.

Американски официјални претставници наведуваат дека разговорите со Анкара се однесуваат на делот од границата од стотина километри која сè уште е под контрола на милитантите на Исламската држава.