Свет Свет САД и сојузниците изведоа 28 напади на позиции на ИД

САД и сојузниците изведоа 28 напади на позиции на ИД

САД и нивните сојузници изведоа 28 воздушни напади на позиции на Исламска држава во Сирија и во Ирак, соопшти коалицијата која ги предводи операциите против ИД.

Во четири напади во Сирија погодени се три тактички единици и уништени се две борбени позиции на исламистите, како и нивниот артилериски систем за противвоздушна одбрана.

Во Ирак изведени се 24 напади во 11 градови, а погодени се повеќе складишта со оружје на ИД.