Свет САД и Куба ги нормализираат односите

САД и Куба ги нормализираат односите

Куба го ослободи Американецот Ален Грос, во замена за тројца Кубанци затворени во САД. Размената на затвореници е првиот голем чекор во американско-кубанските односи.

Американските претставници велат дека Грос, кој беше транспортиран со владин авион, е ослободен на хуманитарно барање, поднесено од Белата куќа. Ослободувањето на Грос, кој пет години се наоѓаше во затвор, претставува подобрување на односите меѓу Хавана и Вашингтон.

Американскиот претседател Барак Обама денеска на прес-конференција се очекува да најави промена на својата политика кон Куба. Претседателот на Куба, Раул Кастро, во исто време, ќе ѝ се обрати на кубанската нација.

Според американски претставници, Вашингтон ќе почне преговори за нормализирање на дипломатските односи со Куба и ќе отвори амбасада во земјата.