Свет САД го затвори својот притворски центар во Авганистан

САД го затвори својот притворски центар во Авганистан

САД денеска ја затворија притворската единица во Баграм, соопшти американското Министерство за одбрана, додавајќи дека веќе нема ниту еден затвореник.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска соопшти дека САД повеќе нема да имаат право да држат притвореници во Авганистан. Гани, кој истакна дека е шокиран од извештајот на американскиот Сенат, вети дека ќе истражи колку Авганистанци биле жртви на тортурата на ЦИА.