Свет Европа Руските трупи респоредија 1.300 чеченски борци на Рамзан Кадиров близу Херсон

Руските трупи респоредија 1.300 чеченски борци на Рамзан Кадиров близу Херсон

Руска Црвена звезда од борбен авион Су-25 соборен на јужниот фронт во близина на градот Херсон | Фото: Steve Jurvetson from Los Altos, USA, CC BY 2.0, Викимедија комонс

Околу 1.300 чеченски борци од единицата на Рамзан Кадиров пристигнаа во регионот Херсон за да ги зајакнат руските трупи во привремено окупираните територии, објави украинската државна агенција, Укринформ.

Тие го пренесуваат последниот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина, кој е објавен на нивната официјална Фејсбук страница.

„Непријателот продолжува да се фокусира на воспоставување целосна контрола на територијата на регионот Донец, задржувајќи ги привремено освоените делови од регионот Херсон, делови од Харкив, Запорижја и Миколаив“, објави Укринформ.

Оттаму додаваат дека руските сили продолжуваат со висок интензитет на воздушно набљудување на регионот, и преземаат мерки да ја подобрат логистичката поддршка на трупите на терен. И понатаму останува да важи заканата за воздушни ракетни напади на целата територија на Украина.

Севкупно земено, според Укринформ, во украинската контраофанзива досега се ослободени повеќе од 1.000 квадратни километри украинска територија.

„Единици на одбранбените сили успеаа да напредуваат 50 километри во регионот Харкив. Во овој регион беа ослободени повеќе од 30 населени места“, соопшти Укринформ.

Зеленски вели време е руската војска да бега, пробиена линијата на фронтот кај Херсон