Свет Европа Руските напади во Украина повторно однесоа жртви

Руските напади во Украина повторно однесоа жртви

Во текот на ноќта, украинските одбранбени сили уништиле 11 од вкупно 17-те лансирани руски јуришни дронови од иранско производство Шахид-136/131

Фото: ukrinform.net

Нападите на руските агресорски сили во Украина во изминатово деноноќие повторно однесоа жртви. Се напаѓало од воздух и од земја, со артилерија, при што настрадале цивили и граѓанска инфраструктура, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Југозападниот голем пристанишен град Одеса ноќеска бил нападнат со руски дронови, при што е оштетена цивилна инфраструктура. Оштетени биле и недовршени станбени згради, како и постоечки и една установа за деца.

Во регионот Херсон биле извршени 60 руски напади, при што тројца цивили се повредени. Станувало збор за артилериски и воздушни напади, со вкупно 233 гранати и бомби. На градот Херсон биле истрелани или пуштени 33 експлозивни полнежи.

Во текот на ноќта, украинските одбранбени сили уништиле 11 од вкупно 17-те лансирани руски јуришни дронови од иранско производство Шахид-136/131.

Во руски напад на градот Миколаив во регионот Донецк била погодена спортска сала, но за среќа, нема повредени.

Според извештајот на Генералштабот на украинските вооружени сили, во текот на изминатово деноноќие, Украинците успешно неутрализирале 910 руски војници.