Свет Балкан Русинка уапсена на аеродромот во Атина со 2,2 милиони евра

Русинка уапсена на аеродромот во Атина со 2,2 милиони евра

Државјанка на Русија била уапсена на аеродромот во Атина откако цариниците кај неа пронашле повеќе од 2,2 милиони евра и 58.900 долари во готовина.

Русинката во Атина пристигнала од Москва со летот на руската авиокомпанија „Аерофлот“, пренесе грчката новинска агенција АНА.

Цариниците веднаш ѝ одзеле 25 отсто од парите кои ги имала со себе, казна предвидена со законот.

Органите задолжени за истражување на случаите со перење пари ќе спроведат истрага и доколку руската државјанка не докаже дека парите потекнуваат од легални извори, ќе ѝ бидат одземени сите пари.