Свет Русија прогласи дводневно примирје во Алепо

Русија прогласи дводневно примирје во Алепо

Русија објави дводневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо. Примирјето е објавено само неколку часа по предупредувањето на Вашингтон до претседателот на Сирија, Башар ал Асад, и до неговите сојузници дека мораат да го почитуваат примирјето договорено во февруари.

„На иницијатива на Русија, во градот Алепо е воведено дводневно примирје, почнувајќи од полноќ на 16 јуни, за намалување на вооруженото насилство и за стабилизација на ситуацијата“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Во соопштението не е прецизирано со кого Русија го договорила прекинот на оган во Сирија.
Еден ден претходно, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија мора да сфати дека американското трпение не е бескрајно.

Другиот по големина град во Срија е опустошен на повеќе фронтови во разорната војна, во која досега се убиени повеќе од 280.000 луѓе, а милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.