Свет Русија планира да гради шест нуклеарни централи во Индија

Русија планира да гради шест нуклеарни централи во Индија

Русија планира да изгради најмалку шест нуклеарни централи во Индија во наредните 20 години, изјавил рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба со индискиот премиер Нарендра Моди во Москва, пренесуваат светските агенции.

Путин, исто така, рекол дека Москва и Њу Делхи имале успешна соработка во производството на ракетите „брамос“ и дека двете држави планираат заеднички да произведат нов тип борбен и транспортен авион.

„Се согласивме да ги зголемиме заедничките инвестициски текови преку подлабока индустриска соработка и имплементација на големи инфраструктурни и енергетски проекти“, изјавил Путин.