Свет Русија ќе ги казнува провајдерите кои нема да блокираат интернет-страници

Русија ќе ги казнува провајдерите кои нема да блокираат интернет-страници

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат казни за интернет-провајдерите што одбиваат да го ограничат пристапот до информации на интернет што ги забрануваат властите.

Сите интернет-провајдери претходно биле обврзани да го укинат пристапот до интернет-извори од црната листа на Кремљ во рок од 24 часа откако одреден извор ќе се најде на листата која ја изготвува руското регулаторно тело за медиуми, Роскомнадзор.

Законот кој Путин денеска го потпиша, воведува парични кази за тие што се не придржуваат од одредбите.

Казните изнесуваат од 87 до 1.730 долари.