Свет Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН за Алепо

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН за Алепо

Русија и Кина синоќа ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за седумдневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо.

Русија во образложението за ветото рече дека прекинот на огнот ќе им овозможи на бунтовниците да се прегрупираат и оти на Вашингтон и на Москва им е потребно време за да разговораат за идните чекори во Алепо.

Против резолуцијата, која ја подготвија Нов Зеланд, Египет и Шпанија, гласаше и Венецуела, додека Ангола беше воздржана.

Другите 11 држави членки на Советот за безбедност на ОН се изјаснија позитивно за резолуцијата.