Свет Европа Русија е подготвена да разговара со Турција

Русија е подготвена да разговара со Турција

Русија е подготвена да разговара со турските власти на секое ниво, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Спутник“.

Според него, на Русите треба да им се овозможи да летуваат во Турција уште оваа сезона, но неопходно е да се реши прашањето поврзано со безбедноста.

– Станува збор за тоа да им се помогне на нашите луѓе кои сакаат да летуваат во Турција и тоа да го направат уште оваа туристичка сезона. Но, во прв план треба да биде нивната безбедност во оваа земја – изјавил Медведев.