Македонија Рушиме рекорди: 535 нови заболени од ковид-19 во еден ден, Aeродром со...

Рушиме рекорди: 535 нови заболени од ковид-19 во еден ден, Aeродром со 429 активни случаи

Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19, oд кои 277 се во Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, а во болнички услови починати се шест лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Во главниот град најмногу активни случаи има во Аеродром – 429, Центар 395, во Карпош има 373, а во Кисела Вода 257 заболени лица со ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, едно дете и две мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има пет приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е еден пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти.