Видео Роналдо е најефикасен фудбалер за 2014 година

Роналдо е најефикасен фудбалер за 2014 година

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, е најефикасен фудбалер на светот за 2014 година. Тој на 60 натпревари постигнал 61 гол, а имал и 22 асистенции.
По него следува неговиот најголем конкурент Лионел Меси со 58 постигнати голови и 21 асистенција на 66 натпревари. Трет е Џонатан Соријано, кој во 2014 година постигнал 55 голови, но има подобар просек од Роналдо за 1,05 погодоци по меч (Роналдо има 1,01). На четврто место е напаѓачот на Макаби од Тел Авив, Еран Захави, со 40 голови.

Помеѓу дваесетте најефикасни голгетери се наоѓаат и Ибрахимович, Бензема, Нејмар, Мартинез, Санчес, Милер, а од Серија А нема ниту еден играч.

Видеозапис од сите погодоци на Кристијано Роналдо во 2014 година.