Видео Рекорд: Венчален фустан тежок 17 килограми

Рекорд: Венчален фустан тежок 17 килограми

Работниците на една американско-мексиканска компанија успеаја да го направат највеличествениот фустан на светот, за кој не е потрошен ниту еден сантиметар ткаенина.

Венчалниот фустан, тежок 17 килограми, е изработен од 989.000 мониста, а за нивното нижење е потрошен најлонски конец во должина од седум километри.

Монистите стигале од сите страни на светот, од Америка, Јапонија, Австралија, Кина, Чешка… А самиот заден дел на фустанот е широк 5,5 метри, а долг е над шест метри.

Во изработката на фустанот учествувале 21 лице, на кои за да го нанижат им биле потребни 20.000 часа.