Македонија Рочиштето за „Диво Насеље“ затворено за јавноста, искази ќе даваат заштитени сведоци

Рочиштето за „Диво Насеље“ затворено за јавноста, искази ќе даваат заштитени сведоци

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кои се обвинети 29 лица и кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Денешното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени сведоци предложени од обвинителството.

На претходното рочиште, кое се одржа на 10 март, искази даваа неколкумина сведоци, жители на Диво Насеље, а во судницата се појавија и роднините на осумтемина полицајци загинати во борбите со терористичката група на 9 и на 10 мај лани.

Тие најавија дека во граѓанска парница ќе бараат отштета за загубите, а за висината на отшетата ќе се изјаснат дополнително преку своите законски застапници.