Свет Резултати од симболичниот референдум: Каталонците сакаат независност

Резултати од симболичниот референдум: Каталонците сакаат независност

Повеќе од 80 отсто од гласачите во Каталонија се изјасниле за назависнот, покажуваат првичните резултати.

Овие резултати биле објавени по обработени 88,4 проценти од гласовите.

Според ова, 1,649.239 Каталонци гласале со „да“ на двете прашања: „Сакате ли Каталонија да биде држава?“, и „Ако да, сакате ли да биде независна од Шпанија?“, соопштил заменик претседателот на каталонската влада, Жоана Ортега.

„Референдумот“ беше спроведен и покрај негодувањата на Мадрид. И официјалниот и симболичниот рефрендум беа забранети од шпанскиот уставен суд и тоа по барање на владата на Шпанија.