Свет Свет Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

Ренци: Помалку пари за тие што не се солидарни во кризата

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги предупредил источноевропските лидери дека ЕУ би можела да им ги намали паричните средства што им ги дава за развој на сиромашните региони доколку не помогнат во решавањето на бегалската криза, наведуваат учесници на самитот на европските лидери во Брисел.

– Миграциската криза е заеднички проблем на сите земји-членки на ЕУ. Ако не покажете солидарност, тогаш земјите што најмногу придонесуваат во буџетот на ЕУ би можеле да бидат помалку солидарни со вас – им рекол Ренци на европските колеги за време на синоќешниот состанок, кој траел до раните утрински часови.

Во екот на најголемата миграциска криза во Европа, по Втората светска војна, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка се меѓу најгласните противници на плановите на ЕУ за прераспределба на бегалците.