Свет Европа Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

„Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема работа, односно без инвестиции, нема иднина. Без буџетска флексибилност, нема заедница“, наведува Ренци во колумната објавена во италијанскиот весник „Соле 24 оре“.