Свет Ренци: ЕУ мора да ја менува политиката

Ренци: ЕУ мора да ја менува политиката

Европа мора да се промени за да се ублажи порастот на антимигрантските ставови, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци.

– Доколку не се промени насоката, европските институции ризикуваат да станат најдобар сојузник на француските политичари од крајната десница на Марин ле Пен и на нејзините истомисленици. Верувам дека дојде време европските институции да ја согледаат реалноста – истакна Ренци.

Изјавата на Ренци доаѓа откако партијата на крајната десница, Национален фронт, оствари историски успех во вчерашниот прв круг на регионалните избори во Франција.

Речиси третина од гласачите во Франција го поддржаа Националниот фронт, кој однесе победа во шест од 13 региони.
Вториот круг од гласањето ќе се одржи на 13 декември.