Македонија Рекордни 393 нови случаи со ковид-19, починаа четири лица, а оздравени се...

Рекордни 393 нови случаи со ковид-19, починаа четири лица, а оздравени се 90 пациенти

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13,  Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.555, бројката на оздравени пациенти е 16.099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.671.

Бројот на активни случаи со ковид-19 по скопските општини и понатаму се зголемува, па така најголем број има во Центар (288), Аеродром (282), Карпош (276), Кисела Вода (178), Гази Баба (163), Ѓорче Петров (129).