Македонија Регистрирани се 619 нови случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Регистрирани се 619 нови случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по 22, Тетово и Кавадарци – по 21, Неготино – 19, Прилеп – 18, Штип – 16, Гостивар и Кочани – по 14, Струга – 12, Кичево и Гевгелија – по 11, Ресен – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Радовиш, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка – 4, Дебар – 3, Кратово и Македонски Брод – по 2, Валандово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни случаи (619), регистрирани се 127 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од кои две лица починале во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 30.07 – 03.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.134.298 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905.