Македонија Регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19, пријавени 4 починати лица

Регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19, пријавени 4 починати лица

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 240 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 119, Битола – 23 и Куманово – 14.

Од вкупниот број позитивни (240), регистрирани се 58 реинфекции со ковид-19.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти во изминатово деноноќие.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица, од Прилеп (73г), Демир Хисар (60г) и Демир Капија (67г). Тие починале во домашни услови во периодот од 16.08. до 24.08.2022 година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.150.194 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714.