Македонија Регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19

Регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19

Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство иизвести дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава од почетокот на пандемијата е 156.078. Во истиот период, како оздравени се пријавени 6 пациенти, а нема пријавено смртни случаи.

Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, со што се откриени 24-те нови случаи, односно по градови: Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Од шесте оздравени пациенти, четиримина се од Скопје, а останатите двајца од Тетово и од Струмица.

Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на утврдени случаи е 156.078, бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.