Македонија Регистрирани пет нови случаи на ковид-19, оздравеа осум пациенти, почина едно лице

Регистрирани пет нови случаи на ковид-19, оздравеа осум пациенти, почина едно лице

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а се регистрирани пет нови случаи на ковид-19. Три од Скопје и по еден од Куманово и Тетово.

Регистрирани се осум оздравени пациенти, од Скопје и Тетово по двајца, и од Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по еден.

Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г.), починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.