Здравје Регистрирани нови 349 ковид-случаи, починале 12 лица

Регистрирани нови 349 ковид-случаи, починале 12 лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Во последното деноноќие регистрирани се 349 нови случаи на ковид, информира Министерството за здравство. Направени се 2.754 тестирања. Најголем број од новите случаи се во Скопје – 166.

„Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица. Три починати лица се од Скопје, и тоа на 51 годишна возраст, 64 и на 85 годишна возраст. По две починати лица се од Штип (64 и 75 години) и Свети Николе (66 и 82 години), како и по едно починато лице од Куманово (43 години), Битола (60 години), Радовиш (75 години), Струмица (68 години) и Дојран (62 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.