Македонија Регистрирани 99 нови случаи на ковид-19, оздравеа 214 пациенти, починати се 8...

Регистрирани 99 нови случаи на ковид-19, оздравеа 214 пациенти, починати се 8 лица

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека од 1.384 тестирања направени во последните 24 часа, регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 33, Куманово 7, Штип 5, Прилеп 6, Тетово 4, Струга 2, Велес 2, Битола 6, Охрид 14, Гостивар 1, Гевгелија 1, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 6, Македонски Брод 3, Виница1 и во Делчево 6 нови случаи.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје 48, Куманово 25, Штип 11, Прилеп 9, Тетово 23, Струга 8, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 22, Гостивар 21, Гевгелија 4, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 2, Пехчево 2, Берово 6, Валандово 1, Виница 2, Делчево 4, Кратово 2, Свети Николе 10, Кичево 3 и Неготино 3.

Починати се 8 лица, два пациента од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во болница, а еден пациент надвор од болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.226, бројката на оздравени пациенти е 12.700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.895.

Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.