Македонија Регистрирани 96 нови заболени од ковид-19, 10 починале, а 61 оздравеле

Регистрирани 96 нови заболени од ковид-19, 10 починале, а 61 оздравеле

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2 и Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1 и Ресен-3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица на возраст од 85, 71 и 53 години, а кај 48-годишен пациент вирусот е потврден постмортем.

На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастро-ентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во Филип Втори е починат пациент на 62 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.946.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.