Македонија Регистрирани 946 нови случаи на ковид-19, 789 се оздравени, починаа 33 лица

Регистрирани 946 нови случаи на ковид-19, 789 се оздравени, починаа 33 лица

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а се регистрирани 946 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, има 789 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.

Починати се 33 лица, од кои 9 пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68г), еден од Куманово (70г), еден од Штип (89г), 6 од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85г), еден од Тетово (72г), 4 од Струга (60, 71, 65 и 79г), еден од Велес (71г), еден од Битола (55г), еден од Гостивар (76г), еден од Гевгелија (53г), еден од Струмица (73г), еден од Крива Паланка (62г), еден од Пробиштип (70г), 2 од Берово (88 и 63г), еден од Кратово (71г) и еден пациент од Кичево (67г). Од нив едно лице е починато вон, а останатите починале во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088. Скопје и понатаму е со најголем број дијагностицирани, 27.890, од кои активни се 10.273. Следува Тетово со 3.905 случаи, од нив активни се 10.002 и Куманово со 3.847 случаи на ковид-19, од кои активни се 884.