Македонија Регистрирани 85 нови случаи на ковид-19, оздравени се 45 пациенти, починаа 4...

Регистрирани 85 нови случаи на ковид-19, оздравени се 45 пациенти, починаа 4 лица

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања и се регистрирани 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.

Починати се 4 лица, два од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.), сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 1.1839, на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти, вкупно се хоспитализирани 79 пациенти, на кислородна поддршка се 41 пациент, а нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се примени 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца, а 5 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се примени 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.