Македонија Регистрирани 81 нов случај на ковид-19, вкупниот број моментално заразени е 378

Регистрирани 81 нов случај на ковид-19, вкупниот број моментално заразени е 378

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19. Најголем број од заразените лица се од Скопје – 56, по што следат Прилеп со 5, Битола, Кратово и Куманово со по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип со по 2 и Берово, Гевгелија и Кичево со по 1 нов случај.

Од вкупниот број позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции од ковид-19.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти во текот на изминатово деноноќие.

Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.

Досега во земјава се направени вкупно 2.167.428 тестирања zа ковид-19. Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 378.