Македонија Регистрирани 48 нови случаи на ковид-19 и четири починати лица

Регистрирани 48 нови случаи на ковид-19 и четири починати лица

Граѓани на Камениот мост во Скопје | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а се регистрирани 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1 и Кичево-1.

Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов има 2.303 активни случаи. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на ковид -19, нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти, вкупно се хоспитализирани 70, на кислородна поддршка има 33 и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти, на респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се примени 17, а во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на ковид-19.