Македонија Регистрирани 324 нови случаи на ковид – трет ден по ред бројката...

Регистрирани 324 нови случаи на ковид – трет ден по ред бројката е над 310 случаи дневно

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19. Од нив приближно две третини се во Скопје – 207 случаи.

Со најновите резултати, денешниот е трет ден по ред во кој бројката на нови случаи во земјава е над 310: Во вторникот имаше 312 нови случаи, а вчера 328, односно четири повеќе од денешните бројки.

Од вкупниот број на позитивни (324) во последниве 24 часа, регистрирани се 49 реинфекциии.

Во изминатово деноноќие, регистрирани сe 287 оздравени пациенти и едно починато лице: од Велес (70г), починато во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година. Починале во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (3), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.930.788 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.