Македонија Регистрирани 143 нови случаи на ковид 19, оздравени се 110 пациенти, починаа...

Регистрирани 143 нови случаи на ковид 19, оздравени се 110 пациенти, починаа 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1 и Свети Николе-3.

Во болнички услови се починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.