Македонија Регистрирани 135 нови случаи од 1.514 тестирања за ковид-19 и 11 починати...

Регистрирани 135 нови случаи од 1.514 тестирања за ковид-19 и 11 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во изминативe 24 часа, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 135 нови случаи на ковид-19 во земјава, како и 11 починати лица и 330 оздравени пациенти.

Од направените 1.514 тестирања во изминативе 24 часа, новите 135 случаи се во најголемиот број од Скопје – 91, па следуваат: Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 330 оздравени пациенти, од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г), Охрид (80г), Прилеп (74г), Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица, сите се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.366.002 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијатностицирани изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.