Македонија Регистрирани 1.409 случаи на ковид-19, пријавени се 28 починати пациенти

Регистрирани 1.409 случаи на ковид-19, пријавени се 28 починати пациенти

Фото Marcelo Leal on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, се направени 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на ковид-19. Повеќе од половината од новите случаи се во Скопје – 783, по што следи Битола со повеќе од 10 пати помала бројка – 76 случаи.

Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.

Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).

Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.834.588 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на потврдени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.