Македонија Регионална конференција за вработување

Регионална конференција за вработување

Дводневна регионална конференција за вработување денеска почнува во Скопје, а главни теми ќе бидат создавањето работни места за поттикнување еднаквост и просперитет.

На конференцијата, која е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), ќе учествуваат стотина креатори на политики и експерти од Југоисточна Европа и од Турција.