Економија Ребалансот на буџетот влегува во матичната собраниска комисија

Ребалансот на буџетот влегува во матичната собраниска комисија

Фото: Мета.мк

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година, во матичната Комисија за финансирање и буџет.

Со ребалансот на буџетот приходите се планирани од 210,5 милијарди денари, расходите на 228,3 милијарди денари, а дефицитот е непроменет од 17,7 милијарди денари односно 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).

Во однос на капиталните инвестиции, тие се намалени за 50 милиони евра, намалени се средства кај кредитирање на железницата, нереализирани водснабдителни системи, Коридор 10, кај рурален развој, хидросистемот Злетовица, кај ТИРЗ, Министерство за образование и наука и друго.

Дополнителни 200 милиони денари се предвидени за активни политики и мерки за самовработувања и млади вработени во производство, 400 милиони денари субвенции за придонеси за зголемување на платите во приватниот сектор до 6.000 денари