Свет Сè поголем бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Индонезија

Сè поголем бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Индонезија

Најмалку 97 лица загинаа, а повеќе од стотина се повредени во силниот земјотрес што го погоди индонезискиот остров Суматра.

Земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ацех в зори, додека верниците се подготвувале за утринска молитва.

Во градот Меуреуда неколку згради и продавници се целосно уништени, а оштетени се и неколку џамии.

Опасност од цунами не е објавена, а регистрирани се уште пет последователни потреси.

Во тек е акција за спасување на луѓе за кои се верува дека се закопани под урнатините. Помеѓу загинатите имало најмалку седум деца.

Земјотресот е регистриран во област на 130 километри југоисточно од градот Банда Ацех, во северниот дел на островот Суматра.

Во силниот земјотрес и цунамито што следуваше по него во 2004 година, загинаа 170.000.