Свет Расте бројот на жртви од земјотресот во Ирак и Иран

Расте бројот на жртви од земјотресот во Ирак и Иран

Бројот на жртви во силниот земјотрес кој ја погоди областа на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах порасна на 407.

Бројот на повредените во земјотресот со магнитуда од 7,3 степени според Рихтер се искачи на 6.700, соопшти иранската Канцеларија за кризни ситуации.

Според американската геолошка служба, епицентарот на земјотресот е регистриран југозапоадно од градот Халабаџ. Неколку ирански и ирачки градови се без електрична енергија, а од страв од дополнителни потреси над 1.000 луѓе се на улица.

Иранскиот сеизмолошки центар регистрирал повеќе од 50 дополнителни потреси, а се очекуваат уште.