Дописници Расте бројот на новозаразени со ковид-19 во охридскиот градски ракометен клуб

Расте бројот на новозаразени со ковид-19 во охридскиот градски ракометен клуб

Шест случаи, вклучувајќи ги и првите два случаи на ковид-19, се открија во Градскиот ракометен клуб Охрид, откако се тестираа ракометарите, стручниот штаб и логистиката, по информацијата за заразени во клубот. Пет од нив се ракометари, додека шестиот е член на управата.

“Ние како клуб ќе се придржуваме до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија” потенцираат од раководството.

Од клубот велат дека лицата позитивни на ковид-19 се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба.

Тие исто така апелираат да не се предимензионира новонастанатата ситуација.

“Во РК Охрид нема втор, ниту нов бран на заразени од вирусот ковид-19. PCR тестовите на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот се направени веднаш после откривање на првиот позитивен случај во екипата” истакнуваат од охридскиот ракометен клуб.

Апелираат уште еднаш до сите ракометни клубови и останатите спортски колективи да ги почитуваат мерките и протоколите, подготвени од надлежните институции.