Свет Балкан Рама: По изборите, ќе побараме од Брисел да почнеме со претпристапните преговори

Рама: По изборите, ќе побараме од Брисел да почнеме со претпристапните преговори

„По изборите во Албанија, ќе побараме од Брисел да почнеме со претпристапните преговори за членство во Европската Унија,“ изјавил албанскиот премиер Еди Рама по неформалната средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

Тој додал дека тоа барање ќе биде поддржано од мнозинството и од опозицијата.

Рама, меѓудругото информирал дека со Могерини разговарале за решавање на политичката криза, имплементација на судските реформи како и за претстојните избори.