Свет Ракетен напад на Дамаск

Ракетен напад на Дамаск

Три лица загинаа, а 35 се повредени во ракетниот напад на Дамаск, што е втор жесток напад на бунтовничката група Армија на исламот, изведен за помалку од две недели.

Од почетокот на годинава, имаше повеќе напади на Дамаск, а Армија на исламот со 38 ракети на 25 јануари го нападна градот, при што загинаа седум лица.

Сириската државна телевизија соопшти дека три ракети погодиле предел кај историската џамија „Умејад“, една од најголемите на светот, која се наоѓа во Стариот град на сириската престолнина. Очевидци на нападот тврдат дека слушнале повеќе од 30 удари во краток временски рок.