Спорт Работнички се сели во трета лига

Работнички се сели во трета лига

Претставникот на КК Работнички најави дека клубот ќе достави жалба до Арбитражната комисија на МКФ

Работнички се исклучува од тековното натпреварување и следната сезона се префрла во најнизок ранг на натпреварување поради самоволното напуштање на теренот и одбивање на повикот на првиот судија играчите да се вратат на теренот.

Натпреварот е регистриран со 20:0 за МЗТ Скопје Аеродром, а Работнички не го добива бодот наменет за поразениот.

Тимот од „Градски парк“ заработи и казна од 30.000 денари поради фрлање димна бомба и тврди предмети на теренот, како и поради плукање на службените лица.

Претставникот на КК Работнички најави дека клубот ќе достави жалба до Арбитражната комисија на МКФ, за одлуката на комесарот.

Истовремено, клубовите-членки на Здружението на прволигаши едногласно се произнесоа дека не се за исфрлање на Работнички во третата лига и побараа нивниот став да се достави до Арбитражната комисија на МКФ.