Спорт Спорт Македонија Работнички останува во Прва лига

Работнички останува во Прва лига

Арбитражната комсија ја укина одлуката Работнички да биде префрлен во трета лига

Арбитражната комисија на Кошаркарската федерација на Македонија ја укина одлуката на комесарот Бобан Јосифовски, КК Работнички да биде исфрлен во трета лига по прекинот на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во „Градски парк“.

Членовите на комисијата ја уважија жалбата на Работнички и повторно му го вратија случајот на решавање на Комесарот на натпреварувањето чија одлука сметаат дека е нејасна и нецелосна и неподобна за испитување. Во одлуката на Комисијата се вели дека комесарот не ги навел сите докази и не ги утврдил сите факти за донесување правилна и прописна одлука во овој предмет.
Арбитражната комисија одлучила дека комесарот треба да ја донесе новата одлука во следните 24 часа.