Свет Балкан Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за нападот во Џизре

Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за нападот во Џизре

Работничката партија на Курдистан (ППК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад врз полицијата во градот Џизре, во кој загинаа најмалку 11 лица, а 78 беа ранети.

Во соопштението на веб-страницата на ППК се наведува дека нападот бил одмазда за „континуираната изолација“ на нивниот осуден лидер Абдулах Оџалан и поради недостиг од информации за неговата здравствена состојба.

Оџалан е во затвор на островот Имрали и повеќе од една година не е дозволена посета од страна на адвокат и негови приврзаници.

Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се граничи со Сирија и со Ирак. Во таа област мнозинството жители се Курди.