Свет Европа Путин: Не сме лицемерни, сакаме соработка и со САД и со Асад

Путин: Не сме лицемерни, сакаме соработка и со САД и со Асад

Рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти дека Москва е подготвена да соработува и со Вашингтон и со сирискиот претседател, Башар ал Асад.

– Говорејќи за кризата во Сирија, можам да кажам дека за нас е лесно да соработуваме и со претседателот Асад и со САД. За тоа разговарав и со Барак Обама и со нашите пријатели од Саудиска Арабија и од другите арапски земји – рече Путин.

Рускиот претседател вели дека за Русија е лесно да соработува со двете страни затоа што не е лицемерна и не ја менува својата позиција во Сирија.

Путин наведе дека Русија отсекогаш била сигурна во начинот на кој ќе се реши конфликтот во Сирија.